ФОРМУЛА 1 ДОБИВА НОВА ПАТЕКА

Мајами ГП во октомври 2019

Комисијата на градската власт во Мајами дала „зелено светло" за предлогот што значи и официјален старт на преговорите со Ф1

објавено: 11 мај 2018 - 21:30

Формула 1 од следната година ќе се вози и низ улиците на Мајами, откако Комисијата на градската власт дала „зелено светло" за предлогот што значи и официјален старт на преговорите за Гран Прито.

Според планот трката ќе се одржува во пристанишниот дел на градот и ќе биде една од најатрактивните во караванот.

Она што следува се преговорите околу финансискиот дел, кој не би требало да претставува проблем со оглед на шпекулациите дека Мајами и Ф1 ќе потпишат десетгодишен договор.

Премиерата на Мајами ГП би требала да биде во октомври 2019 година.

Најново во Авто-мото