СЛАВНИОТ ХОЛИВУДСКИ АКТЕР ЖАЛИ ЗА СОСТОЈБАТА НА МЕКЛАРЕН

Мајкл Даглас прогнозира дека Алонсо ќе се повлече

Холивудската легенда Мајкл Даглас смета дека Фернандо Алонсо ќе замине во пензија на крајот на годината

објавено: 13 јуни 2017 - 21:25

Даглас е страствен следбеник на Ф1 и личен пријател на ко-сопственикот на Мекларен, Мансур Оџех, а беше гостин на тимот во Монтреал минатиот викенд.

„Ми се допаѓа Фернандо бидејќи е фантастичен возач. Но, мислам дека ова е неговата последна година. Не знам што ќе одлучи, но верувам дека ќе биде така. Жал ми е за Мекларен и за Хонда, бидејќи очекував многу од таа соработка. Посебно ми е жал за Фернандо, еден од најдобрите во историјата“, вели Даглас.

 

Најново во Авто-мото