ПОРАНЕШНИОТ Ф1 ВОЗАЧ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ТИНЕЈЏЕРОТ

Мас: Ферстапен уште треба да се докажува во Ф1

Макс Ферстапен уште се нема докажано во Формула 1 и затоа треба да внимава, вели поранешниот Ф1-возач, Германецот Јохен Мас

објавено: 7 септември 2017 - 22:35

19-годишниот Ферстапен оваа сезона има голем број на проблеми со постојаноста и брзината на болидот на Ред Бул, и јасно ги кажувше овие критики, но Мас, кој во кариерата возеше на 114 ГП трки и оствари една победа, вели дека Холанѓанецот треба да биде многу внимателен.

„Тој е премногу самоуверен. Мислам дека тоа е поради целата фама која ја направија околу него прерано. Беше креван до небо по победата во Барселона лани, но таму победи со многу среќа. Сега сите очекуваат чуда од него. Да, Макс е талентирано момче, но ќе видиме колку навистина е добар во иднина“, вели 70-годишниот Мас.

Најново во Авто-мото