БРАЗИЛЕЦОТ СО ПОФАЛБИ ЗА РИВАЛОТ

Маса: Хамилтон е на исто ниво со Сена и Шумахер

Фелипе Маса не штедеше зборови за да го пофали Британецот 

објавено: 25 октомври 2017 - 13:15

Луис Хамилтон е на чекор од нова титула во Формула 1 шампионатот. На британскиот возач му недостасуваат само уште девет бодови, за и официјално да ја освои четвртата титула во Ф1.

Бразилецот Фелипе Маса имаше пофалани зборови за возењето на Хамилтон, дури го стави во редот на најдобрите во историјата на овој спорт. 

„Луис секако е еден од најдобрите возачи во историјата на Ф1. Не може, а да не се стави на нивото со Аиртон Сена и Михаел Шумахер. Тој тоа го заслужува. Доминантен е во сите сегменти, како што на времето тоа го правеа Сена и Шумахер. Луѓето сакаат да кажат дека минатото е подобро од сегашноста, но јас нема да се сложам со тоа . Видете како е во фудбалот. сега ги има Роналдо, Меси, Нејмар, кои без сомнение може да се споредат со Пеле и Марадона. Истото е во Формула 1“, рече Маса. 

Со освојувањето на четвртата титула, Хамилтон ќе се израмни по бројот на трофеи со Себастијан Фетел и Алан Прост. Повеќе светски круни имаа само Хуан Мануел Фанџо (5) и рекордерот Шумахер со 7 светски титули во Ф1. 

Легендарниот Шуми има 91 победа на Ф1 трките, додека Хамилтон досега 62 пати се искачил на највисокото место на пиедесталот.

Најново во Авто-мото