БРАЗИЛЕЦОТ ПОЛН СО ЕМОЦИИ

Маса: Сакам да уживам во секој момент во последната трка во кариерата

Никогаш не стана шампион во Ф1, но останува како еден од возачите кои одбележаа една ера во најбрзиот циркус

објавено: 23 ноември 2017 - 13:40

Бразилскиот возач Фелипе Маса, во недела, на патеката во Абу Даби, ќе ја вози последната трка во кариерата. Маса пред неколку недели најави дека ова е последна негова сезона во Ф1 шампионатот и дека нема шанси да се премисли како што тоа го направи лани. 

„Ова ќе биде посебно емотивен викенд за мене. Со нетрпение ја очекувам трката и сакам да уживам во секој момент. Би сакал да завршам на добра позиција на последната моја трка во Ф1. Во Абу Даби традиционално возам добра трка. Сакам да возам во овој град. Луѓето ја чувствуваат Ф1, се надевам дека ќе има многу навивачи на трибините“, рече Маса.

Бразилецот е во Ф1 од 2002 година и веќе 15 сезони е дел од најбрзиот циркус. Во кариерата освои 1.166 поени на 268 трки. Триумфираше на вкупно 11 трки, имаше вкупно 41 пласман на подиумот. Имаше вкупно 16 пол позиции, а 15 пати го возел најбрзиот круг.  

Најново во Авто-мото