ПОВТОРНО СЕ ПОРТОКАЛОВИ

Мекларен им се врати на своите корени (ВИДЕО)

Тимот на мекларен влее во нова ера благодарение на партнерството со Рено, а по тој повод се врати на својата оригинална боја...

објавено: 23 февруари 2018 - 22:25

Британскиот тим денеска го претстави новиот болид - модел МЦЛ33, кој во најголем дел е во портокалова боја, а има и делови кои се сини.

Единствен исклучок е „ореолот“, заштитата за главите на возачите, кој од оваа сезона е задолжителен дел на болидот, а кој е во црна комбинација.

Со новиот изглед на болидот, Мекларен на сите јасно им стави до знаење дека ги слуша своите навивачи, на кои не им се допаѓаше ланската црно-портокалова комбинација.

За потсетување, Брус Мекларен го основа британскиот тим, и тогаш болидите беа портокалови. Но во последните неколку сезони Мекларен и се враќаше на „матичната“ боја само за време на оние прет-тестови во предсезоната.  

;

 

Најново во Авто-мото