АНГЛИСКИОТ ТИМ МОРА ДА РАЗМИСЛУВА ЗА ДРУГИ ОПЦИИ

Мекларен има „излезна“ клаузула од договорот со Хонда

Долгогодишното партнерство на Мекларен со Хонда е под закана, бидејќи тимот од Вокинг би можел да ја прекине соработката на крајот на 2017

објавено: 13 март 2017 - 22:20

По големиот оптимизам при промовирањето на МЦЛ32 болидот, надежите на Фернандо Алонсо и Штофел Фандорне добија сериозен удар на зимското тестирање, каде што имаа над 10 промени на моторите и најмногу проблеми од сите други тимови.

Мекларен успеа да оствари само 425 круга, драстично помалку од 710 во 2016 година и помалку од половина од тоа што Мерцедес (1.096) го оствари оваа година. Постојаноста не е единствен проблем, бидејќи само тимот на Заубер, кој вози со мотор од 2016 имаше послаби времиња.

„Не сме толку далеку со шасијата, но моторот е навистина голем проблем. Заостануваме 30 км/ч на рамните делови“, оцени Алонсо.

Сепак, британските медиуми тврдат дека договорот со Хонда, кој трае до 2024 може да биде раскинат од двете страни на крајот на сезоната доколку не се остварат очекувањата.

Најново во Авто-мото