Првпат по 1980 година

Мекларен ја почнува сезоната без главен спонзор

Британскиот тим во новата сезона на Формула 1 ќе биде без главен спонзор, но се надева дека ќе има барем еден сезонава, вели Рон Денис, извршниот директор на групацијата

објавено: 6 март 2014 - 20:54

„Нашите болиди нема да имаат главен спонзор за првата трка во Австралија, им изјавил Рон Денис на репортерите кои ја посетиле фабриката на Мекларен. „Но сигурно дека ќе имаме во иднина таков спонзор и на некои трки.

Мекларен беше спонзориран од мобилниот гигант Водафон се до крајот на минатата година. Планираа да ја продолжат соработката и во декември да го објават новото партнерство, но подоцна стигна соопштението дека нема договор. За екипата ова е првпат од 1980 година да ја почнат сезоната без главен спонзор, а најголем проблем им беше внатрешното преструктуирање каде малцинскиот акционер Рон Денис се врати во екипата, по неколкугодишно отсуство.

Денис (66) изјави дека досегашниот управител Мартин Витмарш е сменет и дека несака да коментира околу тоа, но тие останале во контакт и се уште се пријатели.
Мекларен е вториот најуспешен тим во историјата на Ф1, веднаш зад Ферари, во однос на победите и титулите, а Денис во моментов го спореди тимот со „ранетиот“ Манчестер јунајтед. Англискиот премиерлигаш има слаби резултати откако си замина Алекс Фергусон на крајот од минатата сезона.

"Неизбежно е кога имаш серија на лоши резултати, луѓето се обидуваат и да ги спуштат картите долу. Јас нема да го прифатам тоа. Знам што е оваа компанија, и што може да постигне гран при тимот. И тоа бара точно признавање кога станува збор за комерцијални односи со главен спонзор. Ние сме во преговори со неколку партнери во овој момент и мислам дека тоа ќе се случи.

 

Најново во Авто-мото