ДАЛИ Е НАЈДЕНО ВИСТИНСКОТО РЕШЕНИЕ

Мекларен можат со сопствени мотори од 2021!

Вториот најуспешен тим во историјата на Формула 1, Мекларен, размислува за градење на сопствен мотор кога ќе се сменат правилата за мотори во 2021 година, но само ако трошоците се намалени

објавено: 8 септември 2017 - 21:40

Мекларен во моментов размислува за раскинување на богатиот договор со Хонда и трансфер на мотори на Рено од 2018 година во обид да се поправи очајната форма, но како долгорочна опција постои можноста тие сами да си направат свој мотор.

В6 турбо-хибридната ера завршува во 2021 година, кога завршуваат и таканаречените „Конкорд договори“ меѓу тимовите, ФИА и шефовите на спортот, и ФИА прави напори да се направи евтин и ефикасен мотор. Според генералниот директор на Мекларен, Зек Браун ова ќе биде „тектонска“ промена во спортот.

„Заинтересирани сме да го видиме новото решение за моторите во 2021 и дали можеме да размислуваме за градење на сопствен мотор, и дали ќе дојдат други луѓе со новите правила. Засега, фокусот е на следните три години, но мораме да размислуваме на иднината. Не сме граделе Ф1-мотори во минатото и за тоа се потребни капитални инвестиции и многу експерти. Но, ќе размислиме сериозно за тоа, бидејќи милиони долари не се трошат така“, вели Браун.

Најново во Авто-мото