ФРУСТРАЦИИТЕ ИЗЛЕГОА НА ПОВРШИНА

Мекларен: Од Хонда ни ветуваа (пре)многу

Саудиецот Мансур Оџех, кој е долгогодишен акционер на тимот на Мекларен, тври дека тим со толку историја и титули не може долго да чека на „долниот дел" по третата година разочарувачко партнерство со Хонда

објавено: 18 април 2017 - 22:10

Оџех, кој обично е многу резервиран во своите изјави, овојпат беше јасен дека ситуацијата со Хонда не може да се толерира.

„Знам дека и кај нив е големо разочарување. Ни беше ветувано многу, а добивме толку малку. Тие ја прифатија одговорноста, но тоа не не прави да изгледаме подобро“, изјави Оџех.

Последните шпекулации велат дека Хонда побарала помош од Мерцедес за решавање на проблемите со моторот, а Оџех вели дека тимот има свои опции.

„Работиме на различни сценарија, за кои не можам да зборувам сега. Но, трошиме многу време и енергија на состаноци во обид да се најде решение. Брзо решение. Ние сме тим со култура на победи и не можеме да продолжиме вака“, вели Оџех.

Најново во Авто-мото