БРИТАНСКИТЕ МЕДИУМИ ШПЕКУЛИРААТ

Мекларен одлучиле да се разделат со Хонда?

Британскиот таблоид „Дејли мејл" тврди дека тимот на Мекларен решил да се раздели со јапонскиот производител Хонда и да се врати со кориснички мотори на Мерцедес од 2018

објавено: 13 јуни 2017 - 18:10

Според извештајот на весникот, „разводот“ ќе ги чини Мекларен околу 90 милиони евра, а официјално ќе биде потврден пред летната пауза во Ф1 на крајот на јули или почетокот на август.

Главните луѓе на Мекларен подолго време не ја кријат фрустрацијата од тригодишната соработка со јапонскиот производител, кој никако не може да ги реши проблемите со постојаноста и брзината на В6 турбо-хибридниот мотор.

Вториот најуспешен тим во историјата на Ф1 оваа година е „закован“ на дното во шампионатот, без големи изгледи за подобрување на ситуацијата. Во неделата на Канадското ГП, Фернандо Алонсо се повлече со откажување на моторот додека беше на 10-тото место, по што изјави дека недостатокто на брзината е опасност на патеката. Тој претходно изјави дека доколку нема победнички болид до септември, ќе си замине од тимот, така што Мекларен се надеваат дека на овој начин ќе го убедат да остане.

Најново во Авто-мото