СМЕНАТА МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ МНОГУ БРГУ

Мекларен сериозно размислува за Мерцедес!

По вестите дека Мекларен веќе имаат контактирано со Мерцедес за можноста да имаат соработка по проблемите со постојаноста и брзината на Хонда, шпекулациите велат дека англискиот тим сака договор со Германците уште оваа сезона

објавено: 16 март 2017 - 21:30

Мекларен потпишаа долгогодишно партнерство со Хонда во 2015 година, но бидејќи веќе не можат да си дозволат уште една лоша сезона поради губењето на спонзорите и парите од ТВ-правата, постои опција тие да го раскинат договорот предвреме.

Бидејќи тимот на Мејнор веќе не постои по финансиските проблеми, Мекларен би можеле да завршат последни во шампионатот, што ќе резултира во уште поголем финансискио удар. Засега во Мекларен ги демантираат шпекулациите велејќи дека работат на решение со Хонда, но повеќе извори од Ф1 велат дека е можно да дојде до смена на моторот до средината на сезоната.

Најново во Авто-мото