СПОРЕД ДОБРО УПАТЕНИ ИЗВОРИ, РАБОТАТА Е ЗАВРШЕНА

Мекларен заминува од Хонда на Рено

Мекларен се договори со Хонда да биде ослободен од партнерскиот договор и следната година да настапува со мотори на Рено, објави „Аутоспорт"

објавено: 12 септември 2017 - 19:29

Кам-бекот на Хонда во Формула 1 со Мекларен во трите сезони донесе катастрофални резултати, многу технички проблеми и фрустрации за возачите, така што стана јасно дека не може да се продолжи.

Според изворите на „Аутоспорт“, Мекларен потпишале тригодишен договор со Рено, со што имаат обезбедени мотори до крајот на циклусот на сегашните В6 турбо-хибридни мотори на крајот ан 2020 година.

Мекларен ќе добива еднакви мотори со фабричкиот тим на Рено и со Ред Бул Рејсинг, додека Торо Росо наместо мотори на Рено ќе користи мотори на Хонда. Со овој договор се остварува и можноста Фернандо Алонсо да потпише повеќегодишен договор со Мекларен.

Најново во Авто-мото