ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА „СРЕБРЕНАТА СТРЕЛА“

Мерцедес го „грабнаа“ Елисон!

Тимот на Мерцедес потврди дека Англичанецот Џејмс Елисон е нивниот нов технички директор по заминувањето на Педи Лоув

објавено: 16 февруари 2017 - 15:45

Лоув, чие заминување се очекуваше повеќе месеци, се приклучува на тимот на Вилијамс, но ова уште не е официјално потврдено.

Елисон беше технички директор на Ферари до крајот на минатата година, но си замина од тимот од Маранело на крајот на јули по трагичната смрт на неговата сопруга. Тој ќе почне да работи во Мерцедес во март и ќе биде на новата позиција технички директор - ќе одговара директно на шефот Тото Волф.
„Возбуден сум што повторно се враќам на работа по долгата пауза. Голема привилегија е да добиеш место во тим кој имаше спектакуларни успеси послдните три години“, вели Елисон.

Најново во Авто-мото