НЕПРИЈАТЕН ПОЧЕТОК НА ВИКЕНДОТ ВО БРАЗИЛ

„Мерцедес" ограбен во Интерлагос

Член на германскиот тим под закани со оружје морал да ги даде сите свои вредни работи на непознатите лица кои ги пресретнале пред патеката во недела каде ќе се вози ГП на Бразил.

објавено: 11 ноември 2017 - 22:10

Неименуван член на екипата на „Мерцедес" во петокот навечер, недалеку од патеката "Интерлагос" би ограбен, но за среќа без повреди иако му се заканувале со употреба на огнено оружје.

Разбојникот му пришол на минибусот на „Мерцедесот', а како што пренесува лично Луис Хамилтон, биле испукани и некои истрели од пиштол.

"На членовоте на мојата екипа им биле испратени закани со употреба на оружје. На еден од нив му бил наслонет пиштол на главата , а биле испукани и неколку куршуми. Страшно е да се чуе сето тоа. Но иако се задрмани моите момци се професионалци. Но помолете се за нив"- разочарано делувал новиот светски шампион на Формула 1 пред трката во Бразил.

"Ова тука се случува секоја година. Тимовите во Ф1 мораат да сторат многу повеќе. Нема оправдание"- бесен бил Британецот откако дознал за немилиот инцидент пред неделната трка која стартува во 17 часот по средноевропско време.

Соопштено е дека слични проблеми имала и екипата на Вилијамс, како и некои официјални лица на ФИА кои успеале да ги избегна разбојниците.

Најново во Авто-мото