БОТАС НАЈБРЗ НА ВТОРИОТ ДЕН ТЕСТИРАЊЕ

Мерцедес повторно пред Ферари во Бахреин

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас помина далечина на две трки и покрај утринското застанување на патеката за да биде побрз од Себастијан Фетел во Ферари за 0.2 секунди на вториот ден тестирање во Бахреин

објавено: 19 април 2017 - 17:39

На вториот и последен ден од тестирањето, Ботас постави најдобар круг од 1:31.280, што сепак е време кое е за две секунди поспоро од неговото време со кое ја освои пол-позицијата во саботата. Мерцедес, кои првпат го имаа Т-крилото на својот болид од пред-сезоната, работеа на развојот на задните гуми по поразот од Ферари во неделата, и Ботас заврши 143 круга.

Фетел на крајот заостана за 0.249 секунди, откако утрото заврши само девет круга. Зад него беше Карлос Саинц за Торо Росо, но и Мекларен, кои конечно покажаа малку брзина и постојаност со 81 круг за Штофел Фандорне.

БАХРЕИН - 2.ДЕН

1.Валтери Ботас (Мерцедес) 1:31.280, 143 круга

2.Себастијан Фетел (Ферари) +0.294, 64 круга

3.Карлос Саинц (Торо Росо) +0.604, 68 круга

4.Штофел Фандорне (Мекларен) +0.828, 81 круг

5.Кевин Магнусен (Хас) +0.840, 88 круга

6.Естебан Окон (Форс Индија) +0.862, 85 круга

7.Данил Квјат (Торо Росо) +0.933, 60 круга

8.Гери Пафет (Вилијамс) +0.973, 61 круг

9.Сергеј Сироткин (Рено) +1.007, 126 круга

10.Пјер Гасли (Ред Бул) +1.288, 65 круга

11.Паскал Верлајн (Заубер) +3.182, 91 круг

12.Серхио Перез (Форс Индија) +3.735, 70 круга

Најново во Авто-мото