ФИНЕЦОТ УШТЕ НЕ ЗНАЕ ДАЛИ ЌЕ ОСТАНЕ ВО ТИМОТ

Мерцедес со одлука за Ботас во септември?

Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф вели дека би требало да има одлука за иднината на Валтери Ботас во тимот до трката во Сингапур на 17 септември

објавено: 6 август 2017 - 22:00

Финецот доби едногодишен договор во јануари по шокантното заминување во пензија на актуелниот шампион, Германецот Нико Розберг, и добро се снајде на новото работно место - оствари две пол-позиции и две победи во првата половина од секундата и е трет во генерален пласман со 19 поени зад колегата Луис Хамилтон и 33 помалку од лидерот Себастијан Фетел. Сепак, тоа автоматски не значеше продолжување на договорот.

„Ова е добро време за разговори и за добро размислување околу ситуацијата. Зборував со Валтери пред Унгарското ГП и би сакал да одам на азиските трки со одлука“, изјави Волф.

Ботас вели дека не е загрижен.

„Последниот месец беше многу напорен и тешко беше да се најде време за преговори. Не се брзам никаде“, вели Ботас.

Најново во Авто-мото