СОСТАНОК НА ТОТО ВОЛФ СО ТАТКОТО НА ХОЛАНЃАНЕЦОТ

Мерцедес внимаваат на Ферстапен

Шефот на Мерцедес, Тото Волф сакаше да го намали значењето на состанокот со Јос Ферстапен на Италијанското ГП, но признава дека сите ја следат кариерата и достапноста на синот на Холанѓанецот, Макс

објавено: 3 септември 2017 - 15:00

По низата проблеми со постојаноста, многумина се сомневаа во долгорочноста на посветеноста кон Ред Бул, и е јасно дека ситуацијата мора да се смени тој да остане и по 2018 година. Шпекулациите во Монца велеа дека Мерцедес се заинтересирани да го донесат талентираниот Макс во тимот, но Волф вели дека состанокот бил приајтелски.

„Го познавам Јос многу години. Имаме заеднички пријател, Френк и тој е тука на посета. Јас и Ники Лауда бевме во канцеларијата и нашите холандски пријатели дојдоја на кафе. Ништо повеќе. Дали имаме интерес во Макс? За следната година не, бидејќи не е достапен. Но, тој е едно од имињата на кое морате да внимавате. Како Валтери, Даниел, Макс и Естебан Окон“, вели Волф.

Најново во Авто-мото