ЗА „СРЕБРЕНАТА СТРЕЛА“ ФОРМУЛА 1 Е НАЧИН ЗА „ПОДМЛАДУВАЊЕ“

Мерцедес во 2020 ќе одлучува за иднината во Ф1

Мерцедес остануваат посветени на Формула 1 барем до 2020 година, вели претседателот на Дајмлер, Дитер Цече

објавено: 14 септември 2017 - 08:00

Подолго време околу германскиот автомобилски гигант се „вртат“ шпекулации дека по крајот на Конкорд договорот во 2021 година веќе нема да се во Ф1, откако се повлекуваат од германската ДТМ серија и влегуваат во Формула Е шампионатот за болиди на електричен погон во 2019 година.

„Формула 1 е поврзана со историјата на нашиот бренд. Преку Ф1 го развиваме брендот и го направивме помлад, така што засега нема промена на стратегијата. Конкорд договорот трае до 2021 година, така што не размислуваме за тоа сега“, вели Цече.

Најново во Авто-мото