ХАМИЛТОН НА ПОЛ-ПОЗИЦИЈА ПРЕД УТРЕШНАТА Ф1 ТРКА

Мерцедесите најбрзи на дождот во Хунгароринг

Хамилтон и Ботас најдобро се снајдоа на лошите временски услови

објавено: 28 јули 2018 - 16:11

Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата на денешниот официјален тренинг на патеката Хунгароринг, и утре тргнува од најдобрата позиција на трката за Големата награда на Унгарија. Зад пилотот на Мерцедес, на кого ова му е петта пол-позиција сезонава, се најдоа двајца Финци. Втор е Валтери Ботас од Мерцедес, а трети е Кими Раиконен од Ферари. Од четвртото место ќе тргне Себастијан Фетел од Ферари, а голем губитник на силниот дожд на Хунгароринг беше и Даниел Рикијардо кој го освои само 12. место. 

Првите 10 минути од квалификациите се возеа на сува патека, а потоа силен дожд ја поплави патеката и драстично ги смени условите, внесувајќи поголема возбуда.

 

Најново во Авто-мото