ОКОН И ПЕРЕЗ БЕА БЛИСКУ ДО КОНФЛИКТ

„Мешаница“ во Форс Индија по Монтреал

Тимот на Форс Индија призна дека може да ги смени своите правила за однесување меѓу своите возачи, откако Серхио Перез и Естебан Окон за малку ќе се судреа во финишот на Канадското ГП

објавено: 12 јуни 2017 - 21:30

Перез и Окон го „бркаа“ третопласираниот Даниел Рикијардо во финишот на трката, и Окон сметаше дека е побрз и дека има повеќе шанси за претекнување и побара тимот да му каже на Мексиканецот да го пропушти. Тимот не му нареди на Перез да успори и на крајот двајцата не само што не успеаја да го поминат Рикиајрдо, туку во последните пет круга беа претекнати од Себастијан Фетел.

Заменикот-шеф на тимот, Боб Фернли вели дека од ситуацијата треба да се извлече поука.

„Има позитивни и негативни работи од трката. Имаме двајца брзи возачи, така што можеби треба да ја смениме политиката во иднина. Проблемот беше добар за имање бидејќи резултатот беше фантастичен. Требаше да бидеме на подиумот, тоа е сигурно“, вели Фернли.

Најново во Авто-мото