ПО ПОВОД 25-ГОДИШНИНАТА ОД ПРВАТА ПОБЕДА

Мик Шумахер ќе го вози болидот на Михаел!

Синот на Михаел Шумахер, Мик ќе ја одбележи 25-годишнината од првата победа на неговиот татко во Формула 1 со круг во болидот на Бенетон од 1994 година на Белгиското ГП овој викенд

објавено: 23 август 2017 - 20:15

18-годишниот Мик, кој настапува во Формула 3 шампионатот оваа година, ќе биде зад воланот на стариот болид на Бенетон пред неделната трка во Спа.

Патеката Спа беше посебна за Германецот, кој освои титули во 1994 и 1995 со Бенетон пред да освои пет титули во низа со Ферари од 2000 до 2004. Шумахер првпат победи на таа трка на 30 август 1992 година, откако година претходно ја имаше првата трка во кариерата за тимот на Џордан. Последната седма титула, Шуми ја освои во 2004 година.

48-годишниот Шумахер доби сериозни повбеди на главата при несреќа на скијање во Француските Алпи во 2013 година, и оттогаш не е виден во јавноста, бидејќи семејството ја чува неговата приватност во домот во Швајцарија.

Најново во Авто-мото