СЕФТЕ ЗА ШУМАХЕР ЈУНИОР

Мик Шумахер победи на омилената патека на татко му

Мик триумфираше на патеката на која татко му дебитираше во Ф1 шампионатот

објавено: 29 јули 2018 - 11:51

Германецот Мик Шумахер, синот на големиот Михаел Шумахер, ја забележа првата победа во кариерата. 19-годишниот Мик триумфираше на омилената патека на татко му „Спа" во Белгија во Формула 3 шампионатот. Постариот Шумахер дебитираше во Ф1 на „Спа" во 1991 година, а една година подоцна таму ја забележа првата победа.

„Чувството е прекрасно. Ова е голем ден за мене", изјави Мик.

Татко му Михаел шест месеци беше во кома по сериозната повреда на скијање во 2013 година, а потоа беше префрлен на домашно лекување и никој нема податоци за неговата моментална здравствена состојба.

Најново во Авто-мото