СИНОТ НА Ф1 ЛЕГЕНДАТА ПРИЗНАВА

Мик Шумахер: Тешко е да се оди по стапките на татко ми

„Среќен сум што сум син на најголемиот возач на сите времиња. Но, тоа има и добри и лоши страни", признава 19-годишниот син на Михаел Шумахер.

објавено: 1 февруари 2019 - 13:30

Мик Шумахер, 19-годишниот син на легендата на Ф1, Михаел Шумахер е момчето кое сите очекуваат да биде новата сензација во Формула 1 циркусот.

По освојувањето на титулата во европската Формула 3, сезонава ќе се натпреварува во Формула 2, што е последен чекор за влез во елитата. Ако на ова се додаде дека потпиша договор со Академијата на Ферари, тогаш е мошне сигурно дека е само прашање на време кога ќе го видиме во најсилната конкуренција.

Но, да се биде син на Михаел Шумахер има свои предности, мани и притисоци.

„Среќен сум што сум син на најголемиот возач на сите времиња. Му се восхитувам. Но, тешко е да се оди по стапките на татко ми. Да се биде син на Шумахер, тоа има и добри и лоши страни", признава Мик Шумахер.

 

Најново во Авто-мото