ПОРАНЕШНИОТ Ф1-ВОЗАЧ ВОЗЕШЕ ОД 0 ДО 400 ЗА 41.96 СЕКУНДИ

Монтоја постави рекорд со Бугати

Поранешниот возач на Вилијамс и Мекларен, Хуан Пабло Монтоја е горд носител на нов светски рекорд поставен со соработка со „Бугати"

објавено: 11 септември 2017 - 17:05

Монтоја возејќи „Бугати Чајрон“, со 8-литарски турбо мотор со 1.479 коњски сили постави нов рекорд во забрзување од 0 до 400 км/ч, па потоа успорување до нула.

Времето беше 41.96 секунди - забрзувањето беше постигнато за 32.6 секунди и 2.6 километри, а потоа беа потребни 9.3 секунди и 491 метри за Монтоја да застане.

„Толку се чувствував безбеден што не возев со кацига! Беше многу лесно. Седнуваш и возиш бргу“, вели Монтоја.

Кој ќе сака да има шанса да го вози „Чајрон“ ќе треба да плати сума од 2.7 милиони долари.

Најново во Авто-мото