ГОЛЕМИТЕ РИВАЛИ ЗАДОВОЛНИ ОД БИТКАТА ВО БАХРЕИН

На Фетел му олесна, Хамилтон се извини

Себастијан Фетел беше пресреќен од триумфот на трката во Бахреин, но признава дека мислел дека трката е загубена по излегувањето на безбедносното возило на патеката

објавено: 16 април 2017 - 20:15

Фетел го помина Луис Хамилтон на стартот на трката, по што прв влезе во боксот на супер-меки гуми, но тогаш се случи судирот на Карлос Саинц Јуниор и Ленс Строл, и сите влегоа во боксот.

„Се обидов да го поставам Валтери под притисок, но тој не згреши и на рамните делови беа побрзи. Решивме со рано влегување во боксот да добиеме предност, но тогаш излезе безбедносното возило. Мислев дека се е готово, но за среќа не беше така. Ловот на велигденски јајца беше пред мене. Мерцедес криеја некои јајца, но изгледа денеска ги најдов“, вели Фетел.

Хамилтон пак, беше задоволен со второто место, посебно по казната која ја доби за заддржување на Даниел Рикијардо при влегување во боксот. Тој исто така двапати беше пропуштен од Ботас, кого го нарече „вистински џентлмен“.

„Многу тешка трка, стартот воопшто не беше лесен. Мешаницата со боксот беше моја грешка и се извинувам за тоа. Се обидов да го стигнам Себ, но Ферари завршија добра работа и ја заслужија победата“, признава Хамилтон.

Најново во Авто-мото