СНЕГОТ ЈА ПОКРИ И КАТАЛОНИЈА

НАМЕСТО ТЕСТИРАЊЕ: Во Барселона се правеше „снешко" (ФОТО)

Третиот ден од тестирањето во пресрет на новата сезона во Формула 1 во Барселона е одложено, поради зимските услови.

објавено: 28 февруари 2018 - 16:15

Каталонската престолнина ја покри снег, па тимовите мораа да ја чекаат онаа специјална зимска служба за чистење на пателата но и на боксовите.

Но, за да не им биде здодевно, ривалите на патеката се здружија и во овие зимски активности.
„Тимови во Ф1 соберете е. Кој сака да прави 'снешко' “? - напишаа од страна на „Мрцедес АМГ Ф1 на Твиотер.
Не мораа долго да чекаат на одговорот...
„За пет минути на кровот, може?" - им одговорија колегите од Заубер, а наскоро во акцијата се придружија Рено и Хонда.

Остана непознато како се одлучиле за деталите со кои ќе биде „збогатен" „белиот дедо", но наскоро на патеката се појави еден таков со обележјата на Мерцедес наместо „копчињата".

Но не остана само на тоа, затоа што Германците се пофалија на Твитер, дури и со сликата на која го има и шампионот, Луис Хамилтон.

И додека тимовите се забавуваа, возачите сепак успеаа да одработат неколку кругови на раскопаната патека.

„Беше страшно ладно на патеката. Мислам дека никогаш досега не сум возел болид на вака ниски температури"- рече Валтери Ботас.

Најново во Авто-мото