НОВИТЕ СОПСТВЕНИЦИ СО НОВИ ИДЕИ

Наскоро нема да има петоци на Ф1-распоредот?

Новите сопственици на Формула 1 „Либерти медија" размислуваат за изземање на петоците од Ф1 тркачките викенди

објавено: 23 декември 2016 - 22:30

Тоа го тврдат британските медиуми, а ова би било најголема промена во спортот по подолго време. Меѓу идеите на „Либерти медија“ засега се планирани повеќе трки во САД и Европа, ограничување на буџетот на тимовите, и спринтерска трка во сабота, која би го одредувала распоредот на стартот во недела. Во моментов петокот е задолжен за двете тренинг сесии, на кои тимовите ги сетираат болидите за саботните квалификации.

„Сè тоа може да се направи. Одамна има идеи за поинаков тркачки викенд. Од гледна точка на тимовите, викенд од два дена повеќе одговара“, вели еден анонимен член на Ф1-тим.

Една од пречките на кои „налетаа“ новите сопственици е ограничување на буџетот на околу 150 милиони евра.

„Тоа е глупост. Ние во Торо Росо знаеме колку чини секоја навртка, така што ако некој сака да тера инат тогаш може да стави двојна цена од таа на другите тимови. Тоа не може да се оствари“, вели шефот на Торо Росо, Франц Тост.

Најново во Авто-мото