ГОЛЕМИТЕ ПРОМЕНИ ЌЕ СЕ ОДРАЗАТ НА ВОЗАЧИТЕ

Нема да има место за физички неподготвените во 2017

Формула 1 возачите кои не ја забрзале својата фитнес-програма пред новата Формула 1 сезона ќе бидат „откриени" вели возачот на Рено, Џолион Палмер

објавено: 5 јануари 2017 - 21:20

Со поголем преден дел, поголеми задни крила и далеку поголеми гуми од Пирели, промените за 2017 година треба да донесат побрзи болиди од четири до пет секунди. Ова значи и повисоки брзини на кривините и Палмер вели дека некои возачи ќе бидат неподготвени на стартот на тестирањето следниот месец.

„Мислам дека тоа ќе има голема врска. Не ги знаеме перформансите, бројките, но ќе знаеме кој не поминувал време во вежбална оваа зима. Ќе бидеме многу побрзи и физичкиот предизвик ќе биде поголем“, вели Палмер.

Дебатата околу новите правила и целта да се подобри квалитетот на тркањето во 2017 продолжуваат и критичарите сметаат дека со поголемата потисна сила и пошироките болиди ќе има и помалку претекнувања. Палмер не сака да прогнозира.

„Нема да знаеме додека не излезема на патека. Кога болидите имаа голема аеродинамика, во 2007/08 беше тешко да се претекнува, но имаше акција. Во Мелбурн ќе откриеме се“, додава Палмер.

Најново во Авто-мото