ЛУИС ХАМИЛТОН КАКО АЈРТОН СЕНА

Немам зборови, се тресам...

Возачот на Мерцедес ја освои пол-позицијата на патеката „Жил Вилнев" пред Големата награда на Канада, а 65 стартна позиција е одбележена со награда после која Британецот беше видно возбуден.

објавено: 11 јуни 2017 - 09:40

Со својата 65. пол позиција во кариерата,Луис Хамилтон се изедначи со легендарниот Ајртон Сена според освоените први места во квалификациите, додека пред нив е само уште Германецот Михаел Шумахер, кој како прв трките ги почнувал 68. пати.
Токму затоа Британецот доби една специјална автентична кацига од семејството на Сена, која славниот возач ја носеше во 1987 година. Момент по кој трикратниот шампион во Формула 1 остана без зборови.

„Се тресам, едноставно останав без зборови. Ајртон беше човекот кој ме инспирираше. Па затоа да се израмниш со него е најголемото признание кое можев да го добијам. Долгувам голема благодарност на неговото семејство" – рече видно потресен Хамилтон.

Второтото место во канадските квалификации го зазема возачот на Ферари, Себастијан Фетел, додека по него следуваат Валтери Ботас и Кими Раиконен.
Кој ќе триумфира на патеката „Жил Вилнев", ќе дознаеме после трката која стартува во 20.часот.

Најново во Авто-мото