ЛЕГЕНДАТА ЖИВЕЕ, И НА МАЛКУ ПОИНАКОВ НАЧИН

НЕПОЗНАТ КУПЕЦ: Автомобилот на Сена од 1993 година, продаден за неверојатни 4.2 милиони евра!

Болидот на легендарниот бразилски возач е продаден на една аукција во Монако...

објавено: 12 мај 2018 - 21:15

Аукциската куќа „Бонамс", не го откри идентитетот на купувачот, но соопштено е дека е во прашање билидот на Мекларен Косворт МП4/8А, како и тоа дека бил во кнежевството Монако.

По долг процес и наддавање е постигната конечна цена од 4.197.500 евра.

Светските медиуми пренесоа дека можен купец на возилото на Ајртон Сена е поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстон, кој во моментот на продажбата бил во кнежевството Монако.
Меѓутоа, познатиот колекционер и љубител на ретки автомобили негирал дека го купил овој болид.
Ајртон Сена шест пати победи на трката за Големата награда на Монако, а возилото кое било понудено на аукцијата било она од неговиот последен триумф на градската патека во 1993 година.
Од „Бонамс' наведоа и дека болидот е потполно функционален, со оригиналната В8 погонска единица и менувач.
Исто така, тоа е и историски највредното возило на Мекларен кое некогаш било понудено на аукција.
Ајртон Сена е една од најголемите легенди на Формила 1 кој трагично настрада во 1994 година за време на трката за Големата награда на Сан Марино во Имола.

Најново во Авто-мото