ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ЛЕГЕНДАРНИОТ ФОРМУЛА 1 ВОЗАЧ

НИКИ ЛАУДА ВО СТАБИЛНА СОСТОЈБА: При свест е, дише самостојно...

Легендарниот австриски возач на Формула 1, Ники Лауда добро се опоравува после трансплантицијата на белите дробови и не му треба помош при дишењето, изјавија неговите лекари.

објавено: 6 август 2018 - 22:05

Легендарниот австриски возач на Формула 1, Ники Лауда добро се опоравува после трансплантицијата на белите дробови и не му треба помош при дишењето, изјавија неговите лекари.


„Само 24 часа после операцијата, Ники Лауда е потполно свесен, и може самостојно да дише после отстранувањето на аспираторот"- изјавија од општата болница во Виена и тамошниот медицински факултет. Додадоа дека неговите органи функционираат сосема добро.

Славниот Лауда беше опериран во четвртокот, поради вирус кој ги зафати градниот кош.

Ники Лауда има здравствени потешкотии откако во август 1976 година доживеа сообраќајна несреќа во Нирнбургринг. Повеќе од една минута беше заробен во запалениот болид, заработи тешки опекотини, а отровните гасови кои ги вдиши тогаш, трајно му ги оштетија белите дробови.
Бубрезите му беа трансплантирани во 1997 односно во 2005 година.
Според професорот Валтер Клепетко кој го оперираше, Лауда ќе мора да биде хоспитализиран неколку недели во болницата, но гледано долгорочно, ако нема некои незгодни изненадувања, „ќе може да лета и да се занимава со спортото како и порано".
Лауда е трикратен светски првак во Формула 1 (1975, 1977 и 1984 година), а по завршувањето на спортската кариера, купи една авиокомпанија, беше менаџер во мотоспортот и телевизиски коментатор.
Освен моменталната функција на претседателот на тимот на Мерцедес во Формула 1, Ники Лауда е доминантен сопственик и директор на авиокомпанијата Лаудамоушн.

 

Најново во Авто-мото