Виетнамците се пофалија

Од 2020 година Формула 1 трка и во Виетнам

„Ханој успеа да ја затвори соработката која му овозможува да биде организатор на трка од светскиот шампионат во Формула 1 во април 2020 година", се вели во веста од Виетнам.

објавено: 2 ноември 2018 - 10:30

Првите луѓе на главниот град на Виетнам, Ханој, објавија дека овој град од 2020 година ќе биде домаќин на трка во Формула 1 шампионатот. Според челниците на градот, трката премиерно ќе се одржи на 1 април 2020 година.

Агенциските информации велат дека следната недела треба да биде организиран настан на кој и официјално ќе биде најавена трката во главниот град на Виетнам. Иако засега нема многу информации, наводно договорот е веќе постигнат.

„Ханој успеа да ја затвори соработката која му овозможува да биде организатор на трка од светскиот шампионат во Формула 1 во април 2020 година“, се вели во веста од Виетнам.

Најново во Авто-мото