СТАРТОТ НА ТРКАТА ВО СИНГАПУР Е ХАОСОТ НА СЕЗОНАТА

Одбрани најдраматичните Ф1 моменти во 2017 година (Видео)

Симпатизерите на Формула 1 во гласањето решија дека од сите интересни моменти, најмногу ќе се памти тоа што се случи на трката во Сингапур

објавено: 25 декември 2017 - 08:00

Луис Хамилтон се искачи на шампионскиот трон во Формула 1 шампионатот, откако по 20 извозени трки, стигна до 363 поени, што беше недостижно за конкурентите. Фановите во Ф1 ќе го памтат Британецот како шампион, но ќе ги памтат и 10-те највозбудливи моменти. 

Во гласањето кое беше организирано, симпатизерите решија дека стартот на трката во Сингапур е најдраматичниот момент во сезоната која измина. Што се случи во Сингапур? Фетел ја освои пол позицијата, пред двајцата возачи на „Ред Бул“, Верстапен и Рикиардо, а четврти беше Раиконен, додека од третиот ред стартуваа возачите на Мерцедес. 

Беше тоа идеална шанса на Фетел кој до тој момент беше три бода зад лидерот Хамилтон, да се врати во водство на генералниот пласман. Сепак, стартот на трката за возачите на Ферари беше катастрофален. Фетел лошо стартуваше, а по неколку секунди се судри директно со Раиконен и Верстапен. 

Сите тројца ја напуштија трката, а Хамилтон победи, па Британецот тогаш дојде до предност од 28 бода пред Фетел и тоа беше како најава кој ќе биде шампион на крајот. 

Најново во Авто-мото