НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД „ТРИПЛЕТА"

ОФИЦИЈАЛНО: Фернандо Алонсо ќе вози на 24 часа Ле Ман

Двократниот шампион во Формула 1 ќе учествува на легендарната трка на која ќе вози за „Тојота"...

објавено: 30 јануари 2018 - 22:05

Фернандо Алонсо, макар и за момент, ќе се одвои од светот на Формула 1, потврдено е од неговиот тим „Мекларен".

И претходно шпанскиот возач најави дека има намера да ја освои „тројната круна", подвиг кој досега го има направено само Британецот Греем Хил.
Односно да биде победник на Индијанаполис 500, на 24 часа Ле Ман, и на ГН на Монте Карло во Монако.

„Никогаш не го криев својот став во врска со 'тројната круна' на авто-мото спортот. Минатата година пробавме на Инди 500, бевме блиску, но не успеавме" - призна Алонсо. „Оваа година, благодарение на Мекларен, имам шанса да возам на 24 часа Ле Ман. Тоа е огромен предизвик во кој многу работи можат да тргнат во некоја непосакувана насока, но јас сум подготвен, и едвај чекам да се борам"- дополни двократниот првак во Формула 1, кој се натпреваруваше и на трката 24 часа Дејтона, каде помина како 23. низ целта.

После таа трка и дефинтивно Алонсо договори соработка со „Тојота",па неговиот план е да учествува во повеќе рунди на издржливост.
Сепак, нема да се откаже од возењето во Формула 1 шампионатот. Секако заедно со неговиот „Мекларен".
Трката 24 часа ле Ман ќе се вози во Франција и тоа на 16 и 17. јуни.

Најново во Авто-мото