ФАНОВИТЕ НА ГЕРМАНСКИОТ ВОЗАЧ ИМААТ ПРИЧИНА ЗА РАДОСТ

Охрабрувачки вести околу состојбата на Шумахер

Менаџерката на Михаел Шумахер, Сабина Кем изјави дека состојбата на легендаркиот возач е подобрена. 

објавено: 27 декември 2017 - 19:13

Седумкратниот светски првак во Формула 1, Михаел Шумахер на 29 декември 2013 година доживеа тешка несреќа додека скијаше на француските Алпи, во одморалиштето Мерибел. Германскиот возач се здоби со тешки повреди на главата и неколку месеци беше во кома.

Во изминатите четири години, неговото семејство се оградуваше од билко кави коментари околу неговата состојба, сè до денеска кога менаџерката на Сабина Кем даде барем малку охрабурвачки вести.

„Долго време е познато во каква состојба се наоѓа Михаел по несреќата. Иако јавноста сака точно да знае што се случува со него, јас можам само да кажам дека има напредок. Засега напредокот е минимален, но и тоа е знак дека постепено се опоравува", истакна Кем.

За Шумахер се шпекулираше дека е врза за кревет и поради тешките повреди со кои се здоби функционира како растение. 

 

 

Најново во Авто-мото