За среќа немаше посериозни последици

Операцијата на прегазениот механичар е успешна - Гипсот како спомен од невнимателниот потег на Раиконен (Фото)

Франческо Цигарини за среќа го преживеа прегазувањето од Кими Раиконен во боксот на Ферари и по операцијата објави фотографија од болницата

објавено: 9 април 2018 - 15:40

Франческо Цигарини за среќа го преживеа прегазувањето од Кими Раиконен во боксот на Ферари и по операцијата објави фотографија од болницата.

Пилотот на Ферари со левото тркало го прегази Цигарини на Трката за Големата награда на Бахреин, а механичарот на киталијанскиот тим веднаш беше префрлен во болница. Операцијата мина без проблеми, а Цигарини испрати и порака, заедно со фотографијата.

„Операцијата мина успешно и сакам да им се зџаблагодарам на сите луѓе за поддршката. Ништо друго, само едно големо благодарам“, напиша Цигарини на Инстаграм.

Раиконен веднаш по инцидентот се откажа од трката, а првото место го освои неговиот клупски колега Себастијан Фетел.

Најново во Авто-мото