ЈА СПАСИЛ АНГЕЛОТ КОЈ ГО НОСИ НА ГРБОТ

Откажале сопирачките при брзина од 276 километри на час, операцијата траела седум часови (ВИДЕО)

Седумнаесетгодишната Софија Флорш, возач на Форумал 3, имаше успешна операција по страотната несреќа која ја доживеа на патеката во Макау.

објавено: 20 ноември 2018 - 18:00

Младата Германка доби сериозна повреда на рбетниот столб и после операцијата која траела повеќе од седум часа, потврдено е дека не постои стравување од евентуална парализа.

„Се е во ред. Не стравуваме од парализа. Среќни сме што се опоравува и што се оди во добра насока" – изјави Фриц ван Амерсфорт, сопственикот на екипата за која настапува младата автомобилистка.

Тој додаде дека Софија сигурно го имала „ангелот на нејзиното рамо", кој бил заедно со неа кога дошло до несреќата.
За потсетување, болидот на Софија Флорш после контактот со еден друг, ја прелета оградата и удри во делот покрај патеката каде се сместени фоторепортерите и камерманите.

Утврдено е дека откажале сопирачките на болидот, и тоа при брзина од 276 километри на час.
Извесно е дека пред неа е еден долг рехабилитациски процес после тешката операција, За среќа, се ќе биде во најдобар ред, а сопственикот на тимот е убеден дека Софија повторно ќе седне зад воланот.

„Тоа им е во крвта на оние кои се натпреваруваат во автомобилските трки. Секогаш се враќаат затоа што тоа е она што најмногу сакаат да го работат" – вели Амерсфорт.

Најново во Авто-мото