НАВРЕМЕНА РЕАКЦИЈА

ОТСТРАНЕТ ТУМОРОТ КАЈ БАРИКЕЛО: Има среќа што сум жив!

Некогашниот возач на Формула 1 Рубенс Барикело откри дека има доста причини за радост затоа што ја победил битката со туморот на вратот.

објавено: 18 април 2018 - 11:35

Поради силни главоболки во текто на февруари бразилскиот возач бил хитно префрлен во болница, и иако бил отпуштен на домашно негување, неколку дена подоцна мораше на операција со која му бил отстранет бенигнен тумор.

Во едно интервју за бразилска телевизија, Барикело за прв пат јавно ја покажа „расекотината" на левата страна на вратот која му остана после операцијата.

„После се што ми се случи, бев на повеќе прегледи за да дознаам повеќе за својата здравствена состојба, и откриен ми беше мал тумор на вратот кој е отстранет после трката која ја возев на Интерлагос. Иако е во прашање бенигнен тумор, тој ќе бил уште поголем, а не сакам такви проблеми додека возам"- рече прославениот бразилски тркач, со дообјаснување дека докторите му рекле дека нема да има долгорочни или потешки последици.

Низ 19. годишната кариера Барикело возеше за голем број на тимови како Џордан, Стјуард, Ферари, Хонда, Брон и Вилијамс.
Оствари 11. победи, а вкупно 68. пати се најде на победничкиот пиедестал, а последните години се натпреварува во татковината.

Најново во Авто-мото