ИАКО НЕМА ОФИЦИЈАЛНА ПОТВРДА

ОВА ГО ЧЕКАВМЕ ЦЕЛИ ПЕТ ГОДИНИ: Шуми веќе не е прикован за креветот, почнал со терапии за опоравување?

На лечење седмично семејството Шумахер троши по 50.000 фунти...

објавено: 17 декември 2018 - 12:35

За десетина дека ќе се одбележат дури пет години од несреќата која легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер ја доживеа на скијање во Франција.

Цело ова време, Шуми е недостапен за јавноста, и навистина многу малку се знае за неговата здравствена состојба.
Неговото семејство одлучи да го „сокрие", јасно е дека Михаел нема да биде она што беше, долго време не даваше никакви знаци за живот, и беше прикован за креветот.

Меѓутоа во последно време се појавуваат информации дека Шумахер навистина се чуствува(л) многу подобро и дека од ден на ден сето тоа изгледа подобро и подобро.

Но утринава „Дејли Мејл" напиша една убава вест, дека Михаел Шумахер веќе не е „закован" за креветот. Ниту пак за апаратот кој неколку години го одржуваше во живот. Наводно, дури веќе почнал и некои вежби за опоравување.

Сепак, сеуште се чека на официјалната потврда на една ваква вест.

Вилата во која Шумахер се наоѓа веќе некое време е покрај езерото во Женева, на кое владее строга тишина. Смејат да го посетат само членовите на семејството, но само со дозвола на неговата ќена, Корина

Најново во Авто-мото