МАЛКУ НАДЕЖ ЗА БРИТАНСКИОТ ВОЗАЧ

Палмер уште има шанса да остане во Рено

Од тимот на Рено тврдат дека се отворени за можноста Џолион Палмер да остане во тимот за 2018 година, ако тој успее да ја подобри формата во вториот дел од сезоната

објавено: 11 август 2017 - 20:15

Палмер во првите 11 трки од сезоната не успеа да освои поен или да се квалификува пред колегата од Рено, Нико Хулкенберг, кој има 26 поени и е 10. во генерален пласман. Неговиот договор завршува на крајот на сезоната, а Рено неколку пати тестираа со ветеранот Роберт Кубица за можен кам-бек во спортот, по што шпекулациите велеа дека Кубица би можел да се врати уште оваа сезона.

Покрај него, тука се и младите возачи на тимот, Русинот Сергеј Сироткин и Канаѓанецот Николас Латифи, но генералниот менаџер Сирил Абитебул вели дека шпекулациите во медиумите не значат ништо.

„Искрено, ако успее да ја сврти ситуацијата како лани, тогаш сме отворени за иднина со Џо во тимот. Стабилноста е добра за тимот. На крајот, се е во негови раце. Тој знаеше дека има едногодишен договор и дека тимот мора да мисли на иднината“, вели Абитебул.

Најново во Авто-мото