МОЛЧЕШЕ МНОГУ ГОДИНИ, КОРИНА ШУМАХЕР СЕ ЈАВИ ВО ЈАВНОСТА

Планетата долго ги чекаше зборовите на Корина, „Тој е роден да се бори"! (ВИДЕО)

објавено: 13 ноември 2018 - 18:09

Михаел Шумахер пред пет години доживеа стравична несреќа на скијање и од тогаш за неговата здравствена состојба не се знае скоро ништо.
Семејството ги крие деталите, и не дава изјави за јавноста. Меѓутоа, после неколку години молчење, неговата сопруга, Корина, конечно се огласи:

„Сите знаете дека Михаел е голем борец, и дека нема да се откаже"- рече Корина Шумахер за германскиот „Бунте".

За потсетување, германскиот музичар Саша Херценбахер му посвети песна на славниот Формула 1 возач со наслов "Роден да се бори".

Оваа нумера му се допадна во целост на семејството Шумахер.

„Искрено сакам да ти заблагодарам на твојата порака и прекрасниот подарок кој ни помогна во текот на тешките моменти. Сјајно е да се примат толку многу желби кои се силна подршка за нашето семејство " - истакна Корина.

Херценбахер беше изненаден со гестот на сопругата на Михаел Шумахер.

"Не очекував дека воопшто ќе добијам одговор. И бев почестен. Корина го напиша писмото своерачно во својата канцеларија и го потпиша"- објасни музичарот.

Корина досега не се изјаснуваше поради тешката состојба во која е нејзиниот сопруг. Односно, најчесто беа пишувани соопштенија во име на семејството.
Што се однесува за моменталната здравствена состојба на Михаел, за жал, нови информации нема. Еден од неговите најблиски пријатели Жан Тод кој го посетува два пати во текот на месецот, рече дека не може да каже ништо ново.
Според некои информации некогашниот шампион не може да оди, ниту пак да говори. Но понекогаш знае да покаже емоции, затоа што нае да заплаче.

Потрошиле 22.милиони евра, неделано по 130.000!
Семејството Шумахер плаќа неверојатни износи за лечењето на Михаел. Неделно мораат да издвојат околу 130.000 евра, а досега, проценките се дека потрошиле повеќе од 22.милиони евра.
Корина Шумахер беше принудена да продаде дел од скапоцените недвижнини за да обезбеди доволно пари за лекување на Михаел.

Најново во Авто-мото