ЗАМИНА БЕЛГИЕЦОТ КОЈ НЕ ГО ОСТВАРИ СВОЈОТ ПОТЕНЦИЈАЛ ВО Ф1

Почина првиот возач на Вилијамс, Патрик Неве

Патрик Неве, првиот возач на славниот британски Ф1 тим, Вилијамс, почина на 67 години

објавено: 14 март 2017 - 15:10

Дел од „златниот бран“ на европските талентирани возачи во средината на 1970-тите, Неве беше промовиран во природен наследник на белгискиот сонародник Џеки Икс. Наместо тоа, тој ќе остане запаметен како прв возач на Вилијамс.

Роден како Патрик Мари Гислен Пјер Симон Станислас Неве де Меверњес во богато семејство во Лиеж во 1949 година, Неве својата кариера ја почна во тркачката школа на Џим Расел во Британија. Од 1970 до 1972 година имаше 12 старта во Формула Форд 1600, пред во 1974 да прејде во тимот на Лола со помош на Питер Мекинтош, „десната рака“ на Берни Еклстоун во ФОЦА.

Во 1976 дојде скокот во Формула 1 со слабиот РАМ Рејсинг Бребем тим. Во 1977 година Френк Вилијамс се раздели со Валтер Волф и го откупи Марч тимот со Неве зад воланот. Сезоната за Вилијамс беше вистинско мачење, бидејќи под шасијата се работеше за болид на Брембиља од 1975 година. По една сезона фрустрации, тој се префрли во други тркачи серии.

По крајот на тркачката кариера во 1984 година тој беше шеф на Ле Ман тим, пред да отвори спортска маркетинг компанија во Брисел.

Најново во Авто-мото