ДОМИНАЦИЈА НА РЕД БУЛ

Пол-позиција за Рикардо во Мексико

Возачите на Ред Бул беа најбрзи во квалификациите за Големата награда на Мексико. 

објавено: 27 октомври 2018 - 21:52

Даниел Рикардо ја освои пол-позицијата за Ф1-трката во Мексико, која ќе се вози утре во 20.10 минути, а радоста на Ред бул беше удвоена затоа што веднаш зад него заврши Макс Ферстапен.

Холанѓанецот, кој во септември наполни 21 година, имаше големи шанси да ја освои првата пол-позиција во кариерата и со тоа да стане најмладиот во историјата на Ф1, меѓутоа доминацијата од тренинзите не ја валоризира и за само 26 илјадити делови од секундата заврши зад Рикардо.

Трет ќе почне Луис Хамилтон, кој чека да биде промовиран во шампион за сезоната 2018. За тоа потребно му е да освои не помалку од 21 бод од Фетел, односно, ако тој победи, да се пласира барем седми.

 

Најново во Авто-мото