ЧОВЕКОТ КОЈ САКАШЕ СТРАВ

ПРЕД 24 ГОДИНИ: Кога Ајртон Сена се заби во бетонскиот ѕид во Имола и го натера целиот свет да плаче (ВИДЕО)

Има такви моменти во историјата за кои точно се сеќавате каде сте биле и што сте правеле. Еден од нив е 1 мај од сега веќе далечната 1994 година. Денот кога, според многумина, си замина најголемиот возач кој возел во некој болид од Формула 1.

објавено: 1 мај 2018 - 12:00

Има такви моменти во историјата за кои точно се сеќавате каде сте биле и што сте правеле.

Еден од нив е 1 мај од сега веќе далечната 1994 година. Денот ког, според многумина, си замина најголемиот возач кој возел во некој болид од Формула 1.
Во тоа време Ајртон Сена беше најомилениот возач во овој спорт, и еден од најпосакуваните спортисти . Од година во година, фантастичниот Бразилец ја воодушевуваше светската спортска јавност, а по дожд возеше подобро отколку на „суво".

 

Со 34.години и три наслови на светски првак, стигна на третата трка во сеоната, онаа во Имола, а во момент кога лидер во светскиот шампионат беше Михаел Шумахер.
Веќе долго време токму сена беше загрижен за сигурноста на возачите, а тој викенд воопшто тргна лошо. Затоа што веќе во петокот, на тренинзите, неговиот сонародник и ученик Рубенс Баричело го искрши својот болид. И откако Сена го посети во болнмицата и се увери дека е добро, се врати да „пробува" на патеката.
Следниот ден, во квалификациите загина возачот на Симтек Роланд Раценбергер, кој во кривината „Вилнев" излета од патеката и се удри во ѕидот со брзина од 314 километри на час.
Сена „украде" еден од автомобилите на судиите дојде до болницата, но од лекарите и пријателот Сид Воткинс дозна дека младиот Австриец не преживеал таков судир.
Сена дури доби и совет од Воткинс во таа прилика дека „е време да престане да се трка", но доби крајно негативен одговор, во смисол дека: "никогаш нема да престане"...

„Тркањето и натпреварите ми се во крвта. Тоа е дел од мене, и тоа е мојот живот. Не можам да се замислам без тоа"- говореше порано Сена.

На загревањето, пред стартот на трката, Сена беше за секунда побрз од конкуренцијата, а после тоа се сретна со неговиот голем ривал, Ален Прост, кој веќе беше пензиониран. Зборуваа околу половина час, и во таа прилика Сена му кажа на Прост дека мора да направат нешто околу сигурноста на возачите во овој спорт. И се договорија дека ќе се слушнат по тоа прашање по трката.
Со таков „потрес" Сена го спакува австриското знаме во болидот, во чест на Раценбергер, и седна во него.
На стартот на трката Педро Лами се удри во болидот на Џеј-Џеј Лехто, кому му изгасна моторот, а низ целната рамнина се разлетаа деловите од истиот.
На патеката излезе сигурносното возило ( Опел Вектра). Пет круга вртеа возачите по возилот кое не можеше да ја следи брзината на болидите, и во еден момент на снимката се гледа како Сена доаѓа до Вектрата и му сигнализира на возачот да забрза.
Наводно, тоа ќе биде еден од факторите за несреќата затоа што поради премала брзина на „сејфти-кар" падна(л) и притисокот во гумите на болидите.
Откако Вектрата се тргна од патеката во шестиот круг Сена го постави најбрзиот круг, веднаш зад Шумахер.
А потоа дојде седмиот, во кој кај кривината Тамбурело Сена излета со брзина од 310 километри на час.

Темелните анализи покажаа дека во тој кобен момент, нешто помалку од две секунди кочел, уфрлил во две брзини пониско, и дека со 218 километри на час, со десниот преден дел, Сена се удрил во незаштитениот бетонски ѕид.
Сликата во која неподвижното тело на Сена стои наслонето на една страна од болидот ќе ја запаметат сите оние кои тоа неделно попладне, пред 24.години, ја гледаа трката.

Пет судии стоеја покрај болидот, но никој од нив не сакаше да го допре Сена, поради можни потешки повреди.
Набрзо, дојдоа лекарите, предводени од Сид Воткинс, пријателот на Ајртон Сена.

„За момент ги отвори очите. Зениците му беа доста раширени, и веднаш ми беше јасно дека мозокот тешко страдал. Го извадивме од кок-питот, и додека го спуштавме на земјата, почина. Јас навистина не сум религиозен тип, но сепак во тој момент почувствував дека душата излезе од телото" – рече Воткинс.

Со хелихоптер, Сена беше префрлен во болница. Уште додека беше во леталото беше поставен на апарати, а откако во два наврати повторно беше оживеан, еден од најдобрите возачи на сите времиња, беше прогласен за мртов во 18.40 часот.
Со подоцнежните испитувања беше утврдено дека мозокот на Сена скоро сигурно престанал да работи веднаш по ударот. Предното десно тркало во моментот на ударот се одвоило од болидот и го погодило во предниот дел од кацигата. Од силината на ударот, главата силно се вратила наназад, што понатаму предизвикало сериозни фрактури на черепот.

Службено никој воопшто досега, не одговарал за смртта на Сена, иако најверојатна причина за несреќата претставува „пукнатината" на летвата на воланот непосредно пред ударот, поради што Сена не можел да го избегне ѕидот.

Сите луѓе кои тогаш работеа за Вилијамс беа ослободени од било каква вина.
По смртта на Сена, изгледот на кривината Тамбурело беше променет, стана доста поспор, а основано е друштвото за кое се залагаше Сена, па сигурноста во Формула 1 засекогаше е подигната на едно повисоко ниво.
На денот на погребот, на улиците на Сао Паоло излегоа околу три милиони луѓе да се простат од својот сограѓанин. Бразил прогласи тридневна жалост, а светот никогаш до крај не се прости од генијалниот Бразилец.
За големиот Ајртон. Човекот од некоја друга димензија...

Најново во Авто-мото