„ЛИБЕРТИ МЕДИЈА“ ГО ОДОБРИ КУПУВАЊЕТО НА СПОРТОТ

Продажбата на Ф1 го чека само уште „зеленото светло“ од ФИА

Пред новите сопственици на Формула 1, „Либерти медија" останува само уште една пречка за комплетирањето на откупот на спортот - потврда од Светската автомобилистичка федерација (ФИА)

објавено: 18 јануари 2017 - 11:00

Акционерите на „Либерти медија“ на состанокот во Колорадо го одобрија купувањето на елитниот мотоспорт. Во известувањето на сопственикот Џон Малоун се вели дека акционерите „веднаш“ го одобрија купувањето на спортот и официјалното менување на името на групацијата на „Формула 1 Груп“.

„Сега останува само уште одобрувањето од Светската автомобилистичка федераија (ФИА), кое би требало да се случи пред крајот на првиот квартал на 2017“, се вели во соопштението на компанијата.

75-годишниот Малоун е милијардер кој ретко е во центарот на јавноста, но има прекар „Дарт Вејдер“ поради неговиот бескомпромисен однос кон бизнисот. Со договорот, најголемите акционери во Ф1, „ЦВЦ Капитал партнерс“ ги продаваат своите 35.5 отсто од бизнисот за 6 милијарди фунти.

Најново во Авто-мото