ПОСЛЕ СКАНДАЛОТ ВО СОЧИ

Проговори и Волф: Требаше да победи Ботас, ние го променивме тоа!

Директорот на Мерцедес, Тото Волф рече дека сите во екипата би требало да бидат пресреќни поради освојувањето на првите две места на трката во Русија, но дека според прикажаното требало да победи Валтери Ботас.

објавено: 1 октомври 2018 - 16:45

Сепак нему му било наредено да го пропушти Луис Хамилтон, затоа што Британецот се бори за шампионската титула.

„Сите сме тркачи во душата и се што сакаме да бидиме на патеката е тркање. Да победи најбрзиот. Но ние сме еден куп на рационални момчиња, утрината разговаравме за многу работи, но се беше поинаку на трката, Тоа и се случи. Би требало да бидеме пресреќни поради првите две места, и во суштина сме среќни. Но на штета на Валтери. Тоа требаше да бид енгова победа, ама ние го променивме тоа"- рече Тото Волф по трката.

Хамилтон победи на трката во Сочи, сега има и 50. бодови повеќе во однос на првиот конкурент, Себастијан Фетел од Ферари.

На половина од трката на Ботас му беше наредено од боксот да го „пушти" Хамилтон, но дури откако бранителот на титулата го помина Германецот.

„Тоа не е лесно за возачите, не е лесно ниту за тимот. Но е сурова реалност, затоа што во еден таков ден можете да ја зголемите предноста за неколку бодови во шампионатот, кој понекогаш е тежок. Понекогаш морате да го направите тоа, а ние го направивме токму тоа" -наведе Волф.

Најново во Авто-мото