ЗАКАЖАНА ПРОМОЦИЈА ВО МАРАНЕЛО

ПРОМО-ТУРА: Новиот „Ферари" на 22. февруари

Новиот модел ќе биде претставен само четири дена пред стартот на новата сезона во Формула 1, односно оние први тестирања, кои се увод во она што следува...

објавено: 19 декември 2017 - 13:15

Италијанскиот автомобилски гигант „Ферари" е првиот тим кој најави креирање на сосема нов болид за наредната сезона во Формула 1. А претседателот на тимот, Серџо маркјоне вели дека уште сега гледа напредок во однос на оваа 2017 година во која завршија на втората позиција во крајниот поредок кај конструкторите.

„Ако погледнеме од каде почнавме, со она што го имавме на располагање минатата сезона, во оваа ќе направиме голем исчекор" - рече Маркјоне на прославата на Божиќ во клупските простории во Маранело.
„Сега веќе можеме да видиме некои знаци на промени. Важно е во 2018 година да започнеме со сето искуство и знаење и на вистински начин да ја водиме организацијата. Воопшт не се сомневам дека ќе се бориме за титулата"- дополни првиот човек на „црното коњче" кој потврди дека има целосна доверба и во Себастијан Фетел и во Кими Раиконен.

Дека и двајцата заслужуваат да имаат шампионски болид.
А што направиле во „Ферари" на оваа тема ќе биде видливо на 22. февруари кога ќе биде откриен новиот болид, со кој ќе стартуваат и оние задолжителни тестирања пред стартот на новата сезона во Ф1 шампионатот.

Најново во Авто-мото