НЕСЕКОЈДНЕВЕН СЛУЧАЈ НА ХУНГАРОРИНГ

Публиката му пееше „Среќен роденден“ на Алонсо (Видео)

Шпанскиот пилот наполни 37 години

објавено: 29 јули 2018 - 21:00

Освен победникот Луис Хамилтон, причина за задоволство после денешната Ф1 трка за Големата награда на Унгарија имаше и кај Шпанецот Фернандо Алонсо. Некогашниот двоен светски првак, кој сега вози за Мекларен Рено, денеска наполни 37 години. Публиката која беше на трибините на патеката крај Будимпешта, на Алонсо му ја пееше популарната песна „Среќен роденден“, а тој возврати со освојување на осмото место, кое му донесе три поени. Ова може да се смета за успех со оглед на скромните перформанси кои ги има неговиот болид. 

Погледнете како изгледаше честитката од фановите:

Најново во Авто-мото