„ЛЕДЕНИОТ ФИНЕЦ" ЗНАЕ И ДА СЕ ПОШЕГУВА

Раиконен го „сецна" Луис: Уште не си шампион? (ВИДЕО)

Требаше да биде формалност за прогласување на Луис Хамилтон во нов-стар светски шампион. Но трката за Големата награда на САД во Остин се претвори во едно вистинско изненадување.

објавено: 22 октомври 2018 - 12:30

Требаше да биде формалност за прогласување на Луис Хамилтон во нов-стар светски шампион. Но трката за Големата награда на САД во Остин се претвори во едно вистинско изненадување.
Хамилтон, кој беше на пол-позицијата, благодарение на несфатливата тактика на неговиот тим „Мерцедес", на крјаот заврпи како трет, што математички не му е доволно да го потврди насловот со оглед на тоа дека неговиот единствен конкурент за титулата, Себастијан Фетел, заврши како четвртопласиран.
Сега на Британецот му требаат уште шест бода во последните ти ртрки, што сигурно и ќе се случи.
Но прво име на оваа трка беше 39.годишниот Финец Кими Раиконен, кој победи за прв пат на едно ГП после пауза од пет години или 113 трки по ред.
И додека Хамилтон, со право, им се лутеше на своите во боксот, Раиконен славеше и уште еднаш покажа зошто е еден од омилените ликови во денеска доста „ладната" Формула 1.
Додека ја чекаше прес-конференцијата со Ферстапен и Хамилтон, добро расположениот Финец, мртов-ладен го праша Британецот дали и официјално стана светски шампион.
Хамилтон прво зачудено го погледа, и му рече „не", на што Раиконен се насмеа и на присутните им одговори: „Јас не знам што ви е тоа"...  

Најново во Авто-мото